Таа прави уникатни, рачно изработени фустани, и сите ги изработува самата, а за изработка на една потребни се неколку месеци.
Повеќето фустани се изработени без игла и конец, и многумина ги оставаат без здив. Повеќето фустани ги работи во црна боја.
Наташа нема свои идоли, ниту ги следни модните трендови, ја следи само својата фантазија, и создава свој моден тренд.
Така, таа не ги црта своите фустани, туку потребно и е само парче материјал за да почне со работа.
Нејзината креација, за кратко време стана многу препознатлива, што ја издвои од масата, а наскоро почнува и со сериска изработка и продажба во странство.
Наташа исто така е подготвена и за својата друга самостојна ревија, а сите нејзини креации можете да ги погледнете на нејзината официјална Инстаграм страница на следниот линк:
За нејзината шминка се погрижија експертите од „Putity“ академијата.
Повеќе нејзини фотки од едиторијата погледнете ги подоле: