ФОТО: За „аутфитот“ на оваа банкарка, која се појави на суд некои од нас треба да работат половина година

Поранешната банкарка Јасмина Билониќ на судењето на отец Шими Нимц, се појави беспрекорно дотерана. Атрактивната 46 годишна жена од Сплит, дојде да сведочи во тужбата против нејзиниот пријател Шими, против кого парохијата покрена обвиненија за паричен долг.

Поранешната директорка на Секторот за приватно банкарство на Банката на Сплит, е осудена на година и девет месеци затвор поради малверзација со црквените пари, а во судот се појави во елегантно издание.

Во жолт фустан на кој „облече“ сако, одбра и златни штикли од брендот Yves Saint Laurent чија цена е околу 700 евра. Носела и класична Прада торба, која чини околу 1680 евра.

Да биде сликата комплетна, носеше и очила Chloe чија цена изнесува негде околу 230 евра.

 

Scroll to Top