(Галерија) Екстравагантни гејши го отворија Модниот викенд во Скопје

By

Во присуство на бројни посетители од земјата и странство, вчеравчер беше означен почетокот на јубилејното издание на Моден Викенд Скопје. Настанот се одржува од први до трети ноември во Музејот на град Скопје.  Модниот Викенд започна со претставување на новата зимска колеција „REM“ од Ирина Тошева, преку која таа ги истражува ликовното творештво и надреализмот како појдовна инспирација.

Потоа следуваше Кренаре Ругова, гостинката од Косово, чијашто модна визија за есен-зима ‘19/’20 е нослива гардероба од природен текстил и со унифицирани геометриски форми, нудејќи им отмена и рафинирана силуета на сите модерни жени.  Тука беше и колекцијата на SIGMA Jewelry , брендот за луксузен накит и префинети модни додатоци.

Гламурозната ревија ја отвори Викторија Лоба, која е нивно заштитно лице и повеќегодишна соработничка.  За крај модниот филм и перформансот „+7 Часа“  во реализација на наградуваната платформа за концептуален дизајн Иван Ассен 22 од Софија, под водство на кураторот Нели Митева.

 

Ќе ви се допадне