Американската актерка, Џенифер Анистон, во серијата „Пријатели“, го игра ликот на Рејчел Грин, кој и денес е неисцрпна инспирација за многу модни комбинации. Од косата, преку ставот и држењето, па се до облеката.
Имавме прилика да ја видиме во пижами, во невестински фустан и во легендарниот минт фустан.
Стилот на Рејчел Грин е олицетворение на модата од 90-те години на дваесетиот век. Карирани парчиња, мини здолништа, кардигани, обични маички и фармерки.
Некои од најубавите секојдневни комбинации, на омилената дама од „Пријателите“, може да се добијат со комбинирање на многу едноставни парчиња облека, кои повеќето жени ги имаат во својот плакар.
- Беж тренерки и обична бела маичка на кратки ракави
- Црно бела кошула и црн блејзер
- Црн фустан со минимален принт
- Црна кошула на врзување и црн шорц
- Фармерки и бела маичка