Неодамна Џоли излезе на шопинг со својот син Нокс во Лос Фелиз. За тоа излегување, славната убавица одбра шик минимализам, односно црн макси фустан со широк крој и тенки прерамки, како и црни влечки со мала тенка потпетица.
Ваквиот модел со штикли го поткрена и обичниот фустан, а поради висината на потпетицата е погоден и за почетниците во носењето потпетици.
Актерката носеше дизајнерска заштитна маска за лице ‘Black Arrows Mask’, чија цена е 105 американски долари, а приходот од заработката оди во борбата против вирусот КОВИД-19.
Еве неколку нејзини модни комбинации каде минимализмот доаѓа до израз, токму кај долгите фустани.