Хејли Бибер го украде вниманието на афтерпарти шоуто по Мет Гала: Мини фустанот ги засени сите стајлинзи

Манекенката Хејли Бибер повторно беше во центарот на вниманието, овојпат на afterparty по Мет Гала 2026, каде нејзиниот избор на облека предизвика бројни реакции.

Иако на црвениот тепих се појави во впечатлива кобалтно-сина креација од Сент Лорен, многумина сметаат дека вистинскиот моден момент го остави за забавата по настанот. Таму Бибер се појави во екстремно краток фустан од дизајнерката Дилара Финдиковлу, кој веднаш го привлече вниманието.

Мини фустанот, дел од колекцијата пролет 2026, се одликуваше со халтер-крој и структуриран горен дел инспириран од корсет, додека нежните набори и необработените рабови му дадоа романтичен, но и недовршен изглед.

И покрај посвежото време во Њујорк, Бибер прошета во ова смело издание, комбинирајќи го со минималистички накит – дискретни висечки обетки и едноставни бели сандали со ремчиња. Косата ѝ беше собрана во зализана пунџа, со што целото внимание остана на фустанот.

На забавата пристигна во друштво на нејзината блиска пријателка Кендал Џенер, а нивното појавување дополнително го засили интересот кај јавноста.

Ова е втора година по ред Бибер да избере креација од Финдиковлу за afterparty на Мет Гала, откако и во 2025 година се појави во сличен корсет-фустан во металик нијанса. Нејзината наклонетост кон брендот беше очигледна и ден пред настанот, кога за вечерно излегување избра уште една креација од истата дизајнерка.

Со овој изглед, Хејли Бибер уште еднаш потврди дека знае како да го задржи вниманието – не само на црвениот тепих, туку и надвор од него.

Scroll to Top