Идеи за стил на трудниците по советите на германска блогерка

Лена Терлутер е германската блогерка што има блог и Инстаграм-профил на кој обајвува вистински модни комбинации за бремените жени. Оваа 34-годишна Германка е мајка на две деца, а со третото е бремена веќе 8 месеци.

Освен што е блогерка, таа работи и како стилист, модел, пишува книги, а исто така е сопственик и на неколку бутици во Келн.

На германската модна сцена е добро позната, но успеа да се прошири и на светски рамки остварувајќи соработка со големи имиња како „Лореал“, „Шанел“, „Порше“, „Картие“.

Блогерството ја разви нејзината креативност, па зад себе веќе има неколку колекции зад кои токму таа се појавува во улога на дизајнер. Некои од нејзините идеи може да им се допаднат и на нашите трудници.

 

Scroll to Top