Ивана Кнез со ревија за глобализацијата на Моден викенд Скопје

Глобализацијата е главната инспирација на модната дизајнерка Ивана Кнез за креирање за колeкцијата #Concept2020. Со оваа колекција Кнез ќе се претстави на шеснаесетиот Моден викенд Скопје, а ќе се одржи на 23 октомври.

Креаторката со ревијата сака да поттикне на размислување дали живееме во свет на криза со идендитет, колку мажите и жените се различни и еднакви, но и колку луѓето се робови на општеството кое сами го креираат?!

„Модните парчиња ќе бидат лимитирана едиција, поттикнати од секојдневното живеење, колку сме ние Андроиди заглавени во електронскиот свет. Сите љубители на модата ќе погледнат несекојдневна модна колекција за сегашноста и иднината, творевина за #Concept2020. Колекцијата е ресајклинг, пет френдли и прилагодлива за нашиот пазар,“ вели Ивана Кнез.

Scroll to Top