Кафени чизми и оваа есен-идеи како да ги комбинирате

Еден од тие класици се и омилените кафени чизми кои без разлика дали се куси или со должина до колената, секогаш се добредојдени и супер впечатливи во секој стајлинг.

Девојките веќе почнаа да ги комбинираат со нивните омилени есенски парчиња и како и секогаш, уличната мода е најголема инспирација кога се шик стајлинзите во прашање.

Без разлика дали се во светла или потемна кафена нијанса, кафените чизми се избор број еден кога е есента во прашање. Девојките ги носат со широки фармерки и нежно џемперче, ако се до глужд и секако, со плетено фустанче ако се до колената.

Кафената нијанса одлично оди со голем број бои како сите неутрални, но и онаа во боја на вино, секогаш прекрасната жолта, смарагдно зелената, но и интензивната сина.

Совршен спој за оваа есенска сезона се широките лежерни фустани со животински принт кои се чини најубаво се согласуваат со овој тип на чизми, па доколку ви требаше малку инспирација за тоа што да носите оваа прекрасна есен, имате супер предлози во галеријата.

Scroll to Top