Каубојки во мода оваа сезона: Идеи како да ги комбинирате

Каде ве очекуваат најдобрите модели?

Каубојките оваа есен се бестселер во повеќето продавници и ги оборија сите рекорди на продажба. Ги носат хероините од сите старосни доби – од Џиџи Хадид до Диана Кругер,

Темата на каубоец и понатаму ги инспирира дизајнерите за обработка на облека и обувки во вестерн стил: антилоп јакни, кошули со реси и шеширите се претворија од фестивалски детали во елементи на речиси основната гардероба. Денес многу познати личности и влијателни дами покажуваат љубов кон каубојските чизми така што во нивните стајлинзи ја прикажуваат нивната практичност и сестраност.

Во 2019, девојките во каубојски чизми веројатно нема да ве асоцираат на херои од каубојските филмови. Овие чизми престанаа да бидат нешто екстравагантно – бидејќи креирањето аутфит со нив денес не е тешко. Дури, фешонистоте ги комбинираат со лесни фустани и пантолони. Високите каубојки во новата сезона привлекуваат посебно внимание. Ако минатата пролет сите сонуваа за каубојски чизми, сега тоа е најрелевантниот модел на чизми под колена. Носете ги со миди здолништа и долги капути, како и храбро со фармерки и пантолони, надополнувајќи го изгледот со лакиран капут или волуменозна јакна. Комбинацијата – каубојки и фармерки е можеби најприфатената, но исто така е и доста спектакуларна. Во таквиот дует ќе биде вратена конотацијата на Дивиот запад – како ефектот би се смалил на минимум, дајте му предност на светлиот тексас.

Белите каубојки и понатака се во мода, па немојте да се плашите од храбрите стајлинзи. За испирација, погледнете ја Ел Фанинг. Актерката, дури и во дождливиот Њујорк, се обложува на снежна бела боја. Меѓу најрелевантните модели на сезоната се каубојките со додатоци во боја. Таквиот пар може да биде и единствениот светол акцент на вашиот стајлинг и неизбежна врска со другата облека.

Како познатите дами носат каубојки оваа есен и каде можете да ги купите најмодерните чизми испирирани од Дивиот запад, погледнете во нашата галерија со фотографии.

Scroll to Top