Како да носите светол костум во канцеларија

Оваа есен се препорачува конзервативната и минималистичка гардероба да ја освежите со бои.
Општо е прифатено дека ноември е сезона на студ, дожд и неизбежната есенска депресија. Меѓутоа, модните инсајдери предлагаат да се разбие тој стереотип со следниот принцип: „Ако не можете да го промените времето, променете го ставот спрема него“.
Светлото одело, за разлика од моделите во сивите тонови и гардеробата во истата тмурна палета, ќе биде одлична пилула против блузот. Дури, оделото ќе ве спаси од опсесивната дилема „Што да носам денес?“, затоа што оделото веќе е готов изглед кој лесно се вклопува во било кој стил, и покрај предрасудите.
Во текот на денот, можете да го надополните со бела кошула или со сив, контрастен капут и чизми со удобни потпетици. Навечер можете чизмите да ги замените со софистицирани штикли и спремни сте за одење на некоја вечера или друштвен настан. Со истиот успех, светлото одело може да се спријатели со патики и јакна, помагајќи ви во работните денови да се движите низ град со максимална удобност.
Не плашете се од одважните нијанси: фуксија, сорбет, розова, лимон, виолетова или неон (за најодважните љубители на модата), бидејќи тие ќе го чуваат вашето добро расположение.
Исто така, обратете внимание на кројот на оделото. Запомнете дека лабавите и широки пантолони ја нагласуваат нежноста на фигурата. Но, со сакото можете да експериментирате. Доколку сте уморни од огромниот блејзер, погледнете пократки модели со необични детали – асиметрични или украсни елементи, па дури и спектакуларни копчиња.

Scroll to Top