Актерката Софија Вергара и манекенката Хајди Клум се пар кој многу често сака да ужива во дружењето. Тогаш тие се без машко друштво, кое може да ги чека по вечерата, исто како што беше случајот неодамна, кога сопругот Том Каулик дојде да ја земе Хајди Клум.
Клум и нејзиниот избраник не ја кријат љубовта, камерите често ја забележуваат, но една вечер беше резервирана само за Хајди и нејзината пријателка Софија.
За вечера во ресторан во Западен Холивуд, Калифорнија, дамите познати по својата убавина се подготвија како за на црвен тепих.
Облечена во краток, светкав црн фустан, Хајди постигна гламурозен изглед, додека сандалите со пердуви и палто на сличен начин го истакнаа нејзиниот вечерен сјај. Софија, пак, избра многу поскромна облека – долг, тесен кафен фустан, кој ги истакна облините по кои е позната актерката.
Хајди има 50 години, а Софија 51. Не претендирајќи да го земат вниманието од нивните помлади колешки, таа вечер, тие дефинитивно беа безвременски убавици кои поставуваат стандарди.