Наводно во зависност од тоа во која боја е сакото што го носи, зависи и пораката што сака да ја испрати. Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, исто така секогаш ја гледаме во комбинација од типот на сако и панталони.
Зоран Моливојевиќ, психотерапевт и експерт за невербална комуникација, за медиумите вели дека жените се гледаат една со друга како се облекуваат и кога нешто ќе им се допадне, тие се копираат, затоа што тоа е дел од корпоративниот стајлинг, но и според меѓународниот протокол.
„Она што го следам кај Брнабиќ е дека се облекува многу практично. Тоа се панталони, сако, чевли, понекогаш интересни чорапи како канадскиот премиер Трудоа“, вели Миливојевиќ.
Облекувањето на српската премиерка од една страна испраќа порака на неконвеционалност, а од друга покажува дека таа си ја работи работата.
„Брнабиќ испраќа порака на една паметна, скромна жена, која многу работи“, вели Миливојевиќ.
Тоа што досега беше приметно е дека во моментите на значителните меѓународни средби, премиерката на Србија носи сако од кралско-сина боја, додека во моментите на средбите со амбасадорите се одлучува за сива.
Таа Брнабиќ покажа неколку интересни работи, со кои се разликувва од останатите. Имено, премиерката на дното на ракавите на кошулата, ги има своите иницијали.