Костими за капење во корална боја за совршен крај на летото

Летото полека нè напушта, но тоа не значи дека не можете да купите нов костим за капење, кој ќе го истакне исончаниот тен. Овој пат станува збор за коралната боја оти овој костим за капење е совршен за вечерни журки на базен или покрај плажа.

Едноделен костим за капење

За дамите што сакаат да бидат забележани, а притоа се чувствуваат доволно слободно, едноделниот костим за капење, кој ја опишува коралната боја, е идеален избор. Костимот за капење комбиниран со долги ракави, прорези на колковите и изрезот на грбот, е сето она што ви треба за ова лето да бидете во центарот на вниманието. Со коралната боја лесно е да пронајдете совршен облик и боја на очила, а ова лето особено популарни се големите рамки и потемните стакла.

Бикини-корален костим

Ако сте дама со слободен дух, за вас е наменета бикини-варијантата на корален костим. Од сите оние со висока половина, преку минималистичките, па сè до бохо-комбинациите. Коралната боја ги обожава моментите кога едноставноста дава црта на сензуалност. Варијантите на горните делови кои се протегаат до вратат и оние што паѓаат на рамењата се нешто што морате да го испробате затоа што ретрото е повторно во центарот на случувањата носејќи со себе многубројни фантастични идеи.

Scroll to Top