Кратките летни маички и ова лето се инспиративен тренд, со различни кроеви, бои, комбинации и материјали, кои мирисаат на лето. Нежните пастелни бои и понекој смел детаљ, сосема се доволни вашата појава да биде забележана. Кратките летни маички се неизбежно парче, но им се наменети само на дамите во топ форма, да бидеме реални. Доколку одберете прав модел, можете совршено да изгледате иако немате стомачни.
Комбинација со шорцеви, фармерки и кратки пантолончиња
Доколку тежнеете кон тоа да го истакнете својот лежерен стил, тогаш можете да одберете тесни фармерки и нешто поширока кратка маичка, во комбинација со црниот каиш. Бледо розовата маичка, свето виолетовата кожна торба и крем потпетици, доволни се за совршен изглед. Доколку сакате предизвикувачки изглед, тогаш можете да го постигнете со фармерки со отвори на колената и бутовите, во комбинација со кратка блуза која го прекрива едниот дел од рамото, додека другото е сосема голо.
Романтичен изглед можете да постигнете со комбинација на неколку пастелни бои и нежни материјали. Кратките летни маички се идеални и за спортски варијанти, во комбинација со тренерки, и пантолони со спуштен струк.
Комбинација со здолниште
Нема ништо поубаво од цветниот дезен во комбинација со кратка маичка над папокот. Скоро и да не можете да погрешите доколку една боја која се провлекува низ дезенот на здолништето, ја изберете истата боја и на вашата маичка. Секогаш се посакувани и варијантите на спарување на исти бои и материјали кои по можност можете да ги разбиете со контрастни или неутрални торби, сандали и шешири.
Побарајте ја својата инспирација во нашата галерија со фотографии.