Темните кармини се вистински хит оваа сезона. Но, пред да ја одберете нијансата што мислите дека најмногу ќе ви одговара, прочитајте ги овие правила на кои мора да внимавате.
Пилинг на усните
Пред да нанесете темен кармин на усните, направете пилинг за устата да ви стане мека. Пилингот можете да го направите дома со обичен шеќер и мед. Потоа, премачкајте ги со балзам или обичен крем за нега на лицето.
Тен
Ако сакате да носите кармин во темни нијанси, лицото мора да ви биде што чисто. Темните кармини најмногу доаѓаат до израз на порцелански тен. Затоа внимателно исчистете го лицето, а потоа за да ги покриете недостатоците, употребете коректор. Ако носите темен кармин внимавајте да не претерате со руменило.
Веѓи
Во комбинацијата со темниот кармин никако не одат премногу нагласени веѓи. Доволно е само да ги обликувате со помош на гел за веѓи.
Рабови
Ако се одлучите за мат кармин во темна боја, избегнувајте моливче за усни, бидејќи со самиот кармин ќе успеете да ги дефинирате рабовите на усните. Познатите шминкери советуваат врз рабовите на усните да нанесете малку транспаретна пудра во прав. Доколку се одлучите за сјаен кармин во темна боја, тогаш моливчето ќе ви биде неопходно.