Микро чанти – бесмислен тренд или неизбежно модно парче?

И кога ќе помислите дека модните дизајнери и познатите личности веќе со ништо не можат да ве изненадат, тогаш тие повторно тоа го прават! Во послдно време, микро чантите можат да се видат на сите ревии на познатите модни куќи, но и кај светски познатите девојки кои имаат огромно влијание. 

Ние одлучивме да им посветиме неколку редови низ кои ќе ги изнесеме сите нивни предности и маани, како и тоа дали воопшто вреди да купите некоја микро чанта од познатите брендови.

Во продолжение погледнете кои торби ги издвоивме како најинтересни и каков е нашиот впечаток околу нив!

Најпопуларната микро чанта

Целиот тренд со микро чанти започнал кога модниот бред Jackuermus ги издал првите модели од овој вид необични чанти. Овие модели на чанти предизвикале огромно внимание кај познатите личности кои овој тренд го прошириле, па сега можете да видите дека сѐ поголем број девојки лудуваат по овој модел на торби. 

Микро чантите од овој бренд доаѓаат во разни величини, но најмногу внимание предизвикала чанатата која сѐ на сѐ има само неколку сантиментри. Додека едни со овации приоѓаат кон овој тренд, други пак, го отрфрлија како бесмислен. 

Моделот на сликата го носи името Le Chiquito Checked Leather Bag, а неговата цена изнесува $585, што е огромна сума за толку малечка чанта. Ќе добиете впечаток дека таа е тука само да ја прикаже финансиската моќ на оној кој ја носи.

Предностите на овој модел чанти

Како предност кај овие чанти, можете да го издвоиме интересниот и несекојдневен изглед кој одлично ќе се вклопи само во модните списанија, иако познатите ѕвезди ги носат на големи и свечени случувања. Чантичките се многу впечатливи, затоа доколку себеси можете да си обезбедите една, сигурно ќе бидете приметени каде и да се појавите. 

Предноста на овие чанти е што се наоѓаат во огромен број модели, дезени и бои. Одредени модели не се толку мали како погореспоменатите. Малку поголем модел кој доста е популарен сега е belt bag, т.е. торбата која се наоѓа на каишот кој се врзува околу струкот. 

Моделот на сликата се вика La Ceinture Bello Leather Belt Bag и чини $485.

Маани на микро чантите

Мааните на оваа чанта се и повеќе од очигледни. Иако дизајнерите се потрудија околу самиот модел и дезени на чантата, нивната величина е нивната најголема маана. Олку мали чанти им се навистина бескорисни на жените. Во нив не може да собере ни клучеви, а камоли некои други работи. 

Што уште еднаш се потврдува фактот дека овие чанти се купуваат исклучиво како би ја покажале финансиската положба кај оној кој ги носи. Овде ќе ги исклучиме луѓето кои професионално се занимаваат со модата затоа што тоа е нивна работа да ги следат трендовите. 

Моделот на сликата се вика Le Petit Chiquito Patent-Leather And Suede Bag и чини $300.

Дали треба да ги купите?

Доколку сте колекционер и доколку овие модели на овие чанти лудачки ви се допаѓаат, зошто да не! Додека, доколку би ја купиле само затоа што е позната меѓу познатите, наш совет е парите сепак да ги вложите во нешто друго затоа што овој тренд брзо ќе помине, а вложените пари, кој притоа не се мали, не можете да ги вратите.

 

Scroll to Top