Мис Србија 2017 – Запознајте ги Јана, Ивана и Дуња

Запознајте ги српските мисици поединечно.Изборот за Мис на Србија 2017 година, ќе се одржи во вторник на 10 октомври. Ви ги претставуваме финалистките Јана Радуловиќ, Ивана Гојковиќ и Дуња Маринковиќ.

Јана Радуловиќ, Мис јужна Србија е со потекло од Ниш. Планира да се запише на R&B колеџот и да ја искористи стипендијата која ја добила како финалистка. Сака да се оствари во моделството и да стане медиумско лице. Од мала пишува песни, а нејзиното мото е: „Ако не идете до крај, зошто воопшто да почнете? Нејзиниот идол е римскиот император Константин Велики кој го променил текот на историјата.

 

 

Ивана Гојковиќ – Госпоѓица Ивана Гојковиќ е од Земун. Сака паралелно со R&B колеџот да студира право и да стане адвокат. Во моментов работи како менаџерка во еден клуб во Белград. Сака да стане ТВ лице. Омилен писател и е Пауло Коељо. Нејзиното мото е: „Какви мисли имаш, таков ти е и животот!“ Идол и е Мерлин Монро, поради тоа што секогаш била предмет на воодушевување иако некогаш се борела самата против сите.

Дуња Маринковиќ доаѓа од Зрењанин. Студира економски факултет. Сака да стане ревизор и паралелно да запише R&B колеџ. Смета дека нејзината скорешна иднина ќе биде фотомодел и блогер во модата. Мотото и е „Најголемиот хендикеп во животот се негативните мисли“. Нејзиниот идол и е Ивана Шпановиќ, светски познатата атлетичарка. Нејзината сила и истрајност се карактеристиките кои сака да ги развие во себе.

Во конкуренција за мис на интернет се наоѓа со уште 21 убавица.

Scroll to Top