Пет есенски модни трендови што можете да ги носите уште сега

Од предголеми џемпери и карирани панталони, до долги капути и мантили кои се совршени за комплетирање на многу комбинации, есента ни носи доста новитети, но и унапредени ретро парчиња. Некои од трендовите можете да ги носите уште од сега.

Анимален принт

Искористете ја есенската сезона за да испробате различни анимал-принт дезени како што се мотивите на кожа од леопард, зебра или тигар. На темпетарурите кои и понатаму ќе бидат релативно високи, класичната кошула во комбинација со „сафари“ здолниште и патиките ќе биде одична комбинација за многу прилики.

Нота на персиски стил

Стилот со широки-ракави е идеален за било која сезона, а во текот на оваа ќе ја доживее својата кулминација. За крајот на летото ви препорачуваме да инвестирате во мини здолниште со цветни дезени и долги ракави кои лесно ќе ги искомбинирате со различни парчиња во текот на било која сезона.

Кежуал костуми

На овој тренд не морате да гледате како на формален, затоа што можете да се забавувате со мешање на различни парчиња со разни нијанси и различни дезени. Не заборавајте на неконвенционалните текстури и впечатливи принтови!

Влијанието на „Дивиот запад“

Сезоната на чевлите е уште малку тука, па затоа да не испробате различни модели пред нејзиниот официјален почеток? Каубојките ќе го акцентираат секој ваш изглед на потполно неочекуван начин и ќе направи да бидете ѕвезда каде и да се појавите.

„Гранџ“

Карго пантолони, мартинки и каиш-торба е идеалната комбинација за сите дами кои сакаат да ја покажат својата „темна“ страна. Нека овој стил биде главниот извор на инспирација.

Scroll to Top