Розите како акцент на женствените фустани

Морате да се согласите дека розата навистина е еден преубав цвет кој може да го разубави местото на кое се наоѓа.

Од градината и терасата, до вазната на столот или сликата на ѕидот, розите во сите облици носат нешто посебно што нè разнежнува и ја дава на целиот ентериер (или екстериер) опуштувачка нота. Меѓутоа, розите своето место го пронајдоа и во модата – како мотиви на фустаните.

Ваквите фустани се одликуваат со гламур и женственост на високо ниво, а дезенот со рози само го истакнува нејзиниот крој и ја прави дамата да изгледа модерено, шик и тренди. Главно може да се види на фустаните со А-крој, но може да се сретне и во кратко издание на кои латиците ја пратат линијата на телото. Со ваков фустан нема да ви бидат потребни многу дополнителни детали, затоа што тој веќе со богати детали и е доволен аксесоар кој ќе привлече внимание. Исто така, мотивот на рози е доволно сестран за да може лесно да се помеша со другите дезени и да им се додаде посебен акцент.

За да ве инспирираме да инвестирате во ваков модел, одбравме неколку стајлинзи со различни фустани кои ќе ви докажат колку добро може да изгледаат.

Scroll to Top