Саманта Џоунс – модни парчиња што ја одбележаа кралицата на стилот

Дали „Сексот и градот“ ќе успееше да доживее успех без познатата Саманта Џоунс?

Вестите за продолжението на серијата „Сексот и градот“ предизвика нов бран љубов и обожавање на ликот и делото на Ким Картал, која, за жал, во новите епизоди нема да се појави. Саманта Џоунс е пример за неизвесност и храброст, а нејзината гардероба е во склад со тоа: црвено од глава до петици, пресеци на стратешки места, чизми во пастелни бои – понекогаш и сè заедно.

„Кога би се грижела за тоа што секоја кучка во Њујорк мисли за мене, не би ни излегла од дома.“ Оваа нејзина реченица практично ги сумира сите нејзини комбинации.

Ајде да се присетиме.

Блокирање со бои

Саманта отсекогаш носеше непоколеблив оптимизам во секој кадар.

Животински дезен

Кога сте Саманта, тогаш сакото со зеберсти шари се носи директно на голо тело!

Костим

Покрај целата нејзина спонтаност, Самата исто така беше и шефица која доста напорно работи. Таа има своја ПР-агенција со голем број костими во својот орман. Доста често со јаки бои, со препознатливи широки рамена и нагласена половина.

Големи шапки

Саманта носеше гигантска шапка од слама, а покрај него носеше и многу други во кои се заљубивме. Во Лос Анџелес носеше муглер-модел од архивата на дизајнерот.

Јака сина боја

Оваа нијанса, која вечно ќе ја поврзуваме со модата од 2000-тите, инаку тукушто се врати во мода.

Впечатлив накит

Ништо што Саманта ќе го стави на себе не може да биде обично. Така и со накитот.

Мини фустанчиња со длабоко деколте

Специјалноста на Саманта се мини фустанчињата со длабоко сензуално деколте и со што поголем шлиц.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @bonbon_chic

Scroll to Top