Секогаш е забавно да имате нешто ново, ама не фрлајте ја старата облека, совети од Ана Винтур

 

Некои од најголемите светски ѕвезди никогаш нема да ги видите облечени двапати во исто парче облека или иста комбинација. Ана Винтур не се согласува со тоа и советува да рециклираме облека.

„Секогаш е забавно да имате нешто ново, но тоа не значи дека морате да ја фрлите облеката што веќе ја имате во плакарот. Рециклирајте. Тоа е во ред. Дури и ви го препорачувам тоа“, вели таа.

Не дозволувајте во вашиот плакар да преовладуваат парчиња облека што се моментално „ин“ и секогаш оставајте најмногу простор за класична облека.

Ана Винтур претпочита дискретни парчиња облека, без впечатливи натписи и логоа кои го свртуваат вниманието од она што е најважно во модата – убавината на самата облека, нејзиниот крој или бојата.

Да купите такви парчиња облека е поисплатливо на подолг рок бидејќи веројатно ќе се уморите од маици со некаков инспиративен цитат или лик од некој цртан, но секогаш ќе сакате повторно да носите некоја едноставна маица затоа што е полесно да ја комбинирате во разни пригоди.

Ана повеќе од 25 години носи ист модел на чевли. Сандалите „Manolo Blahnik“ за првпат ги носела во 1994 година и оттогаш не можела да живее без нив.

Кога еднаш ја прашале Ана кој моден тренд би го забранила засекогаш, одговорила: „Јас навистина не сакам најлон.“

Највлијателната жена во модниот свет претпочита што е можно поприродни материјали.

Морате да бидете свесни дали воопшто ви одговараат парчиња што сакате да ги носите, со цел да го извлечете најдобро од облеката што ја купувате.

За време на еден од тениските турнири на УС Опен, Винтур имала важен совет за сите кои ќе ги следат натпреварите во живо:

„Не заборавајте да носите очила, особено ако тенисерите инсистираат да ги носат тие грди флуоресценти бои.“

Таа вели дека обожава храбри бои и не се двоуми кога ги носи, но во нејзината гардероба немало место за флуоресцентни бои.

Scroll to Top