Чизмите почнуваат да доминираат во гардеробата уште пред крајот на есента, а според светските модни куќи, оваа есен најмодерни ќе бидат шпиц чизмите.
Овие чизми може да бидат во разна висина – до глуждови, под колено или над колено, а за новата сезона се достапни и во разни бои. Некои од производителите на чевли решија да ги претстават чизмите со врвки, а други со цветни дезени.
Шпиц чизмите веќе стануваат хит и кај нашите девојки, а ваквите чизми може да се најдат во многу продавници за чевли.