Додека ги планирате есенските комбинации, освен модерната облека, основната трикотажа, неколкуте чифта панталони, елегантните фустани и стилските чевли, треба да обрнете внимание и на чантите, кои се најважниот додаток. Оваа сезона ви предлагаме да изберете светли и весели модели за да ѝ додадат боја на секојдневната гардероба и да ве ослободат од есенската монотонија.
Популарните девојки на „Инстаграм“ сакаат чанти во нијанси на јагода, лимон, азурна вода, трева или сонце. Светлите чанти може да бидат не само спектакуларен додаток туку и практична работа. Со нивна помош можете да го освежите монохрамскиот изглед. Оваа сезона тренди-девојките сугерираат да не се плашите од јаките бои.
Германската блогерка Леони Хејн лесно ја вклопува портокаловата чантичка „ботега венета“ со црна кожна облека, инфлуенсерката Ксенија Адонс комбинира небесносина чанта со соодветен џемпер, а тренди Данкинката Емили Синдлев демонстрира како одеднаш да комбинирате смели бои.
Во продолжение видете како се носат шарени чанти оваа есен по примерот на ѕвездите на уличниот стил.
View this post on Instagram
Found this little photo story from fashion month last season by @moeez 🔮
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Who else miss dressing up @maisonmargiela #maisonmargiela 📸 @samirnovotny