Тренди џемпери и кардигани кои ќе доминараат оваа есен

Омилено и најудобно парче од есенска гардероба се џемперите и кардиганите, кои се практични и одговараат на секоја пригода. Ако ги обожавате, ќе ве израдува фактот дека тие се особено популарни оваа година, а модните критичари со задоволство им ги препорачуваат на сите. Можете да ги извадите своите стари џемпери од плакарот или да купите некои од новите колекции, кои ги има стотици. Издвоивме неколку актуелни џемпери и кардигани кои се инспиративни, практични и удобни пред сè!

Модата на лелеавост не мора да престане со студените есенски денови, стилистите препорачуваат опуштен и лелеав џемпер. Можете да ги закопчате сите копчиња или да оставите лабаво да паѓаат и да ја истакнат маичката што ја носите под џемперот.

Оваа есен е носталгична, па многу удобни џемпери ќе имаат мали цветови, кои ќе нè потсетуваат на топлите денови и ќе нè расположат. Можете да го искомбинирате и со долга тексас кошула.

Манекенките оваа година носат ретро џемпери, кои можат да бидат дел од секојдневниот или деловниот стил.

Џемперот не мора да биде широк, бидејќи тесните модели се во тренд – соберете го џемперот со помош на учкур или на едноставниот крој можете да му додадете елегантен појас.

Кардиганите со леопард принт се интересни и одлично се комбинираат со секоја торба и чизми. Тие се вистинскиот избор за опуштена прошетка, но и за на работа.

Преголемите елеци совршено може да се комбинираат со бели кошули и фармерки.

Ако ви се допаѓа опуштениот стил, оваа сезона можете да уживате во широки дуксери во светли, весели нијанси.

Едноставните кроеви со О деколте изгледаат деловно и елегантно, а оваа сезона многу жени нема да се одвојат од нив.

Кроп топовите не се резервирани само за летните денови, бидејќи дамите ги носат и во текот на есента. Се разбира, тие не се најсоодветни кога времето е студено, но можете да ги носиме по дома.

Ако повеќе преферирате класичен стил на облекување, тогаш џемперите во потемни нијанси кои ќе бидат модерни оваа сезона се идеален избор за вас, како и пократките џемпери кои ќе ја истакнат вашата фигура. Особено ни се допаднаа џемперите со отворен грб, кои исто така можат да се користат и за специјални прилики.

Винтиџ крагните се доста популарни оваа година, а оние на џемперите изгледаат навистина совршено.

Оваа есен, фокусот е ставен и на меките џемпери, кои освојуваат при првиот допир. Удобни се, меки и лесно се вклопуваат со тесни панталони или фармерки.

 

Scroll to Top