Тренди наочари за ова лето

Наочарите се одраз на стилот и индивидуалноста. Тие се еден од главните додатоци на секоја модерна жена. Без нив се чувствуваме некако непотполно, како да ни недостига некој важен детаљ кој нашата појава ќе ја направи комплетна. Каква е ситуацијата со наочарите ова лето?

Летото уште официјално не започна, а веќе секаде околу нас можете да видиме наочари во боите на виножитото. Шарени, полу-заштитени, како створени за летните излегувања. Овој пат, стаклата се оние кои се во најширокиот спектар на бои и кои преубаво се прелеваат на светло. Без да ги сокријат нашите очи, тие ја нагласуваат нивната убавина.

Дури и ако до сега сте биле строги кога е во прашање дезенот и обликот на вашите наочари, овогодинешниот тренд ќе ве наведе просто да се заљубите во оваа призма низ која светот ќе изгледа поатрактивно и поживо. Доколку ви е потребна мала инспирација за да го пронајдете совршениот модел за вашиот облик на лице, погледнете во нашата галерија со фотографии кои ја подготвивме само за вас.

Жолтата боја е моментално најактуелната боја кога стаклата се во прашање. Вистинската боја на летото, таа ја освежува појавата на девојките кои ги носат ваквите наочари. Треба да бидат одважни и својата појава да ја зачинат со вакви наочари. Фасцинантно е жолтите наочари стојат не им стојат само на црнките и русокосите, туку и на бринетите и црвенокосите девојки.

Уште еден апсолутен хит на летото се црвените и розовите наочари. Многу познати личности веќе ги воведоа во својот стајлинг, а на вас е да ја најдете вашата комбинација. Сексапилниот изглед кој го ветуваат наочарите со црвени или розови стакла, не смеете да го пропуштите. Со нив ќе бидете и повеќе од забележани и запомнети.

Scroll to Top