Наспроти класичните машки фризури кои никогаш не излегуваат од мода, Репортер.мк ви ја претставува најбараната фризура која мажите најчесто ја бараат од својот фризер.
Името на фризурата е „Фејд“ или барем така е позната. Од страна од доле започнува со „нула“ или „брич“, па нагоре 1, 2 и 3, а горниот дел зависно од вашата желба може да биде драстично подолг и со изразени шишки. Оваа фризура е навистина едноставна за одржување и лесно можете да ја моделирате со што секогаш ќе бидете ИН.
– Како најпопуларна би ја издвоил „Фејд“, така е позната. Кратко од страна почнувајќи од нула или брич, па како одат чешлите 1, 2 и 3, а горниот дел зависно од желбата на клиентот, може да биде подолга, со изразени шишки повеќе или од страна може да е кратка, но со линија. Едноставно може да се комбинира, вели Костадин Спирковски од машкото фризерско студио „Цимер“ во Капиштец, Скопје.
Довербата на ова фризерско студио му ја дава нашиот познат пејач Дарко Илиевски, но и бројни популарни јавни личности. Повеќе инспиративни фотографии погледнете на нивната Фејсбук страница.