„Убаво е во Австралија, ама мојот живот е тука“, искрено со Васко Тодоров

By

Кога во 1994 година се појави како дел од хумористичната К-15, Васко Тодоров не ни мислел дека до денес ќе го носи епитетот Тошо Малерот. Од скечевите на радио, тргна приказната на телевизија, и така цели 20 години тој со Миле Паника и Цацко ја засмејуваа публиката.

К-15 отиде во стечај, а Васко замина за Австралија. Сега, неполна година е тука, повторно во Скопје и е дел од популарната „Фчерашни новости“.

„Дојдов од Австралија тука за да завршам некои мои обврски.  Убаво е таму, ама мојот живот е тука. “,  вели Васко.

Неодамна падна  фасада врз неговата кола, кога беше неверемето во Скопје, па тоа беше главна тема во јавноста. Вели: „Цела беше смачкана, ама пак не сум толку малер, па можеше тоа да ме убие“.

Тој ни откри ексклузивно дека ја пишува својата прва книга, а промоцијата ќе биде во април. „Па , книгата е при крај. Во неа се собрани сите скечеви од К-15 и мислам дека е добра работа ова“, искрен е Васко.

Ангажманот во „Фчерашни“ вели дека е супер и дека за разлика од времето кога го работеле К-15, каде биле сами,  тука стои цела екипа и продукција.

Дипломиран социолог, кој работеше  во затворот во Идризово како воспитувач, на шега вели дека бил „класен раководител“, но и денес со задоволство ги раскажува приказните за времето минато со затворениците.

За животот во Авсстралија и зошто си дојде , за автомобилот што беше главна вест по медиумите, за дружбата со Бранко  (Миле Паника) од средно училиште, со кого сакал да се жени и зошто мајка му не му дала, па вели  „од дома ако не те зезнат нема кој“, тој раскажа во „Репортер“.  Но, и за тоа каде излегува, со кого се дружи, за времињата од К-15 , од какво семејство потекнува, од каде љубовта кон социологијата, кој е Васко приватно кога не е Тошо Малерот, гледајте го интервјуто

Александра Георгиев

Ќе ви се допадне