Кафе-муабет со Рита Конзулова: Семејството ми дава енергија за цел ден

Мојот ден почнува со чаша вода за будење на телото, а потоа задолжително следи појадок кој претежно е овес со различен микс на овошја, мед и цимет. Гладна никогаш не излегувам од дома, а овие вкусови никогаш не ми здосадуваат.

Најубавото друштво кое ме исполнува со енергија за целиот ден е моето семејство, сопругот и моите две деца, Андрија и Огнен, и сите оние утрински домашни ритуали .

Кафето е малку подоцна, следат моите утрински тренинзи и потоа кафе-пауза од обврските во денот. Паузата помеѓу утринските и попладневните тренинзи ја користам за прошетки и активности со децата и подготовка на ручекот дома.

Синовите Андрија и Огнен се 5 и 2 години и со душа ме чекаат да се вратам од работа.

Попладнето го поминувам во салата и вежбање и среќна сум што работам нешто што максимално ме исполнува, ме оддржува во психофизичка форма и во време на пандемија ова е уште поголем бенефит за мене и сите кои ги посетуваат моите часови во Фејм фит пилатес студиото во Аеродром, каде што заедно работиме на нашето здравје и насмевката.

Работниот ден за мене завршува многу доцна, а сега заради полицискиот час, пред 20 часот јас сум веќе дома, имам лесна вечера и набрзо сите сме во кревет.

Кафе-муабет со Рита Конзулова, иснтруктор по пилатес 

Scroll to Top