Антонија Гиговска му одговори на Панчо: Девојки, мајки, жени – прекрасни сте

Деновиве, откако Панчо од ДНК напиша статус во кој ги критикува дамите за тоа како изгледаат на плажа во бикини, костими за капење и во танга, не престануваат реакциите на социјалните мрежи.

Пејачот имаше критики и на твитер-заедница, но и од познати личности и здруженија.

И пејачката Антонија Гиговска не остана рамнодушна на статусот на Панчо – „не секој газ е за танга“, па таа сподели свој фејсбук-статус со кој ги поддржа сите девојки, жени, мајки, повикувајќи да не се срамат од своето тело.

Scroll to Top