Билетите за „Златна бубамара“ во продажба оти полесно се доаѓа до два билета отколку до две шишиња зејтин

Билетите за „Златна бубамара на популарноста“ ќе бидат пуштени во продажба на 29 април во 12 часот напладне. Ќе се продаваат преку karti.com.mk и во цвеќарницата „Розе“ во „Веро 2“.

„Златна бубамара“ ќе се одржи на 12 мај во арената „Борис Трајковски“, а овој пат со мотото „Да живнеме!“

„Почитувани љубители на добра забава, нормални цени и евтина тарифа на струја, цените скокнаа, платите останаа исти, само ‘Златна бубамара‘ ви порачува: Дојдете да живнеме!“

По сè што поминавме, конечно, доаѓаат и убави времиња: да се развеселиме, да запееме и да се насмееме, а конечно можеме и да живнеме!  Дојдоа и такви убави времиња кога полесно се доаѓа до два билета за ‘Златна бубамара‘ отколку до две шишиња зејтин. Наместо да кивнеме, време е да живнеме“, велат организаторите на „Златна бубамара“.

Scroll to Top