Даниел Данн му се израдува на снегот

Поп-пејачот Даниел Данн новата година ја дочека на Копаоник. Даниел настапуваше во еден од хотелите во српскиот зимски центар, но освен за музиката и да ја забавува публиката, најде малку време и за опуштање. Тој деновите ги минуваше во туристичкото место, уживајќи на снегот.

„Сакам зима и сакам снег така што празничниот викенд иако го поминав работно, уживав максимално. Не скијам, меѓутоа надополнив со шетање по снегот и дишење чист планински воздух. Ми годеше позитивната енергија што ја добив од луѓето таму. Веќе се во преговори некои следни настапи, па едвај чекам да појдам повторно“, ни рече Даниел по враќањето.

 

Во моментов Данн се подготвува за Василичарскиот концерт во МОБ, кој ќе се одржи на 12 и 13 јануари, а ќе ја пее Mistify од INXS.

(А.Ј)

Scroll to Top