Фолк-пејачката Соња Тарчуловска заедно со сопругот Јохан биле во затворот во Хаг, од каде споделија и фотографија. Јохан на својот фејсбук-профил кажа дека дошол на посета кај цимерите од затворот. Брачната двојка од Хаг замина за Келн, Германија, за да ги поддржат ракометарите на Вардар, кои го освоија четвртото место на Фајнал фор.
Јохан беше во домашен притвор поради насилствата во Собранието на 27 април сè до крајот на март, кога мерката домашен притвор му беше заменета со мерка на претпазливост, односно да се јавува еднаш неделно во основниот суд.