(Фото) Се вери актерката Нина Деан: „Да во време на корона“

Актерката Нина Деан, која пред три месеци откри дека ќе стане мајка, се вери со долгогодишното момче Мартин Ивановски. Таа објави слика од свршеничкиот прстен на социјалните мрежи. „’Да’ во време на коронавирус!“ напиша глумицата, а пријателите, освен што ѝ честитаа, коментираа дека не е сè толку лошо дури ни во вонредната состојба.

Нина и Мартин биле во врска пред 13 години, но таа љубов кратко траела. Поминале години по разделбата, но кога повторно се сретнале им почнала љубовната приказна.

„Пресреќна сум. Никогаш не било вака и сигурна сум дека Мартин се појави за да го исцртаме и затвориме кругот. Не се двоиме, се смеееме, се сакаме, едноставно знаеме дека сме еден за друг и тука нема некоја философија. Среќата не одбра нас а и ние неа. Бебето само е потврда дека нештата се таму каде што им е местото“, рече Нина неодамна.

Инаку, познатата актерка е ќерка на Гордана Деан поп Христова, нашата позната кореографка и танчерка, и сопственик на танцовото студиот „Ребис“.

 

Scroll to Top