(Галерија) Фолк-пејачките го прифатија предизвикот: Покажаа какви невести биле

Фолк-пејачките го прифатија предизвикот што деновиве се шири на „Инстаграм“ да објават слики од нивната свадба. Прва почна Тања Јовановска – Трајкова, која објави слика од свадбата, па ја предизвика и Сани Гроздановска да го направи истото.

„Згодната кумановка, згодна сега, згодна и тогаш… До душа нешто помлада, можеби и малку послаба, ама да знаете дека венчаницата ми е сè уште точна“, напиша Тања.

Слики во венчаница објавија и Сузана Гавазова и Tатијана Стефановска. Па, освен што предизвикаа уште неколку фолк-пејачки, тие побараа и нивните пријателки да споделат свои слики од свадбата.

Scroll to Top