Лоба конечно стана Македонка

Поп-пејачкта Викторија Лоба , која е родена Русинка, по 15 години, доби македонско државјанство. Нејзиното барање за да биде државјанин на земјва, беше разгледувано на 51-ва седница на Владата, за што Викторија вели дека тоа е сосема нормално. „Па било кој да бара, ќе се разгледува барањето на владина седница, не е тоа дека јас сум нешто посебна. Но, да се пофалам, добив државјанство“, вели поп-пејачката за „Репортер“.

Таа е чиста Русинка, и по мајка и по татко, а на 8. години  со родителите дошле во Македонија. Вели дека тука таа нема роднини, оти сите се во Русија, во Ростуската област, каде предходно живееле.

„Но, морам да кажам дека навистина ми е голема чест што сум државјанин на Македонија, и срќна сум што го добив државјанството“, вели Лоба.

Викторија ни раскажа дека кога дошла во Македонија, воопшто немал проблем со јазикот.

„Брзо се адаптирав, затоа што бев дете, а децата брзо се прилагодуваат на нова средина, а и брзо го учат јазикот “, вели Лоба. (А.Г.)

Scroll to Top