Виртуозот на гајда од Прилепско Пеце Атанасовски ја свири гајдата во песната „Липе цвату“ на една од најпознатите ексју групи „Бијело дугме“. Песната се наоѓа на осмиот студиски албумот на групата, „Косовска девојка“, кој е издаден 1984 година.
Албумот е во издание на дискографската куќа „Дискотон“, а е сниман во студијата на РТВ Скопје, РТВ Загреб и РТВ Сараево. На него се наоѓаат 10 песни, а една од нив е и „Липе цвату“, препознатлива по звукот на гајдата која ја свири Атанасовски.
Пеце Атанасовски е дедо на музичарот Мартин Вучиќ.
Во чест на Атанасовски на 29 и 30 јуни во Прилеп и на Рудина кај Долнени ќе се одржи 44. издание на Меѓународниот фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Се очекува на фестивалот да учествуваат околу 250 изведувачи на изворен мелос од цела Македонија.