Поп-пејачката Сара Мејс стана мајка. Таа утрово роди ќерка која ќе се вика Илина. Илина е прво дете на Сара и на водителот Димитар Атанасовски.
„Не се опишува ова“, напиша пејачката покрај фотографијата направена по породувањето што ја објави на социјалните мрежи. Таа доби многу честитки од пријателите и обожавателите кои ѝ посакаа Илина да биде здраво, среќно и убаво дете, исто како неа. „После сите статуси и узбуни на кои се сецнав, редно беше да се породиш“, е еден од коментарите.
Македонската пејачка и харфистка мината година се омажи со водителот Димитар Атанасовски. Откако дознаа дека ќе станат родители, двајцата велеа дека не сакаат да го знаат однапред полот на бебето. Тие изминатите месеци често објавуваа слики од бременоста на Сара, а неодамна направија забавна фотосесија и покажаа како изгледа таа во последните денови од бременоста. Димитар и Сара велеа дека со нетрпение чекаат да станат родители, а Димитар се шегуваше дека ќерката ќе се вика Северина ако се роди на 8 септември.