„Солзите капат сами“, Весна Бејби емотивно брои ситно пред заминувањето на синот Кирил

„Некој брои гласови, некој денови. Родителот треба да е лакот, а стрелата вашето дете. Сè е возбудливо и точно кога ќе прочиташ кај Џибран, ама е зафркнато кога треба да го оптегнеш лакот и да летне стрелата. Солзи капат сами. Гаќи и патики му купив дека немало таму, а од стрес може и семки ќе му спакувам„, вели Весна Петрушевска, која за 9 дена треба да го испрати синот Кирил во САД.

Кирил оди кај својот татко Јанко Тренкоски во Хјустон, каде што ќе ја изучи четвртата година од гимназијата, а потоа таму ќе ги продолжи и студиите. Кога ја објави веста првпат, таа тогаш ни рече: „Броиме ситно со Кирил, кој ќе оди во Хјустон за да заврши гимназија и факултет. Немам подобра опција да му понудам во овие луди времиња. Не прашувајте, срцето ми се кине. Убав на мајка. Го гушкам, плачам ко некоја задушна баба секој ден, а тој ми вели: „Мамо, мислев умрел некој, ме исплаши“.

Весна во време на пандемијата онлајн работеше со децата глумци, а сега, кога веќе мерките се олеснети, часовите ги држи на отворено.

Лани, Весна имаше успешна година, па освен претставта „Влези, не се соблакај“, со која прослави 25 години брак со МНТ, таа работеше и на хит-серијата „Дајте музика“.

Scroll to Top