(Видео) Даниел испеа дует со Емина

Поп-пејачот Даниел Данн со Емина Јаховиќ го испеа нејзиниот хит „Два авиона“. Оваа песна Емина оригинално ја пее во дует со Жељко Јоксимовиќ. Емина и Даниел се дружеа во Истанбул пред една година, а македонскиот пејач дури сега го сподели видеото на Јутјуб.

„Тој е неоткриен глас, неоткриен талент. Ова е навистина неверојатно. За мене ова е големо изненадување“, вели Емина.

Кога лани во мај беше во Истанбул, Даниел ни раскажа дека со балканската ѕвезда прво биле на кафе во хотелот Four Seasons, а потоа и на крстарење по Босфорот.

„Во Истанбул сум со пријатели од Нови Пазар кои одамна се познаваат со Емина. Разговавме за сè, најмногу за музиката. Заедно ја испеавме ‘Два авиона’, нејзиниот хит-дует со Жељко. Емина е навистина прекрасна“, рече тогаш Данн за „Репортер“.

Македонскиот пејач, кој периодов нема настапи поради пандемијата со коронавирусот, со својот бенд снима видеа и направи преработки на некои од најголемите македонски хитови. Тој веќе ги препеа „Не сум твој тип“ од „Дупер“, „Сонце во твоите руси коси“ од Тоше Проески и „Јако јако“ од Лозано. Данн неодамна ни раскажа дека овие песни се дел од неговото шоу Hit the Hits и дека во првиот дел ќе препее 10 песни.

А.Ј

 

Scroll to Top