Алпинистката Илина Арсова објави видео со неколку лесни вежби, со кои сака да ги мотивира и највозрасните дами да почнат да вежбаат. Таа опиша и дел од својата дневна рутина, но вели, вежба многу повеќе од она што го покажува на видеото, а жените не треба да се разочаруваат ако веднап немаат видливи резултати.
„На ваше барање, најлесните вежби за стомак и нозе со кои може да ви почнува денот. Дури и за највозрасните, а и за најмалку активните. Е сега, да се разбереме, јас правам многу повеќе од овие стомачни и тоа многу долго време, но мора од негде да се почне, нели. Бидете упорни и нека ви стане ова рутина. Резултатот ќе дојде“, вели Илина.
Таа во интервју за „Репортер“ неодамна зборуваше за алпинизмот, искачувањето планини, но и како ја одржува формата и колку напор е потребно за да ги надмине сите предизвици што ги носи овој спорт.
View this post on Instagram






