Mутацијата на коронавирусот ламбда-сој, за жал, сè позаразна и посмртоносна. Ама ова веројатно не ја засега фолк-пејачката Ирена Вељовска, која реши да се шегува на сметка на мутацијата, по најавите дека најновиот ламбда-сој на Ковид-19 наскоро може да дојде и во Македонија.
Па така за неа ламбда-сојот стана „Ламбада“ – популарната песна и танц од почетокот на деведесеттите. Таа на својот профил на „Тик-ток’ облече кусо мини па покажа како се игра на „Ламбада“. Пејачката наиде на критики за оваа работа оти ламбда-сојот на коронавирус не е само повеќе заразен, туку и поотпорен на антитела. Најновата студија од Јапонија вели дека ламбда носи три мутации кои се особено загрижувачки.