30-години постоење-Концерт на групата Фолтин во Македонска Филхармонија на 22 Ноември

На 22 Ноември 2025 во салата на Македонска Филхармонија во оваа за нив јубилејна година 30 години постоење ќе настапи групата Фолтин.

Групата “Фолтин” е основана во 1995 година во Битола. Нејзиниот изворен јазик е повеќе уметнички и експериментален, а текстовите се фонетска имитација на неколку природни јазици од медитеранскиот регион, што тие самите го нарекуваат “спонтан есперанто”. “Псевдо-емигрантско кабаре” е нивниот карактеристичен звуковен амалгам на жанрови, од традиционална музика преку електроника до рок, и визуелен израз што вклучува елементи на кабаре и на перформанс. Подоцна, со текстовите на македонски јазик, Фолтин отвора ново поглавје, притоа збогатувајќи ја звучната слика со влијанија од алтернативниот рок или од новиот бран, но сè уште одржувајќи ги врските со традиционалната музика и со концептот на кабаре.

Групата има десетина студиски изданија. Потпишува музика на триесетина театарски претстави и неколку филмови (“Плати и жени”, “Со љубов”, “Исцелител”, “Медена земја” и др.)

Фолтин се: Пеце Николовски – кларинет, каос-пад, усна хармоника, Пеце Трајковски – електронски акордеон, електрична гитара, Гоце Јованоски – бас, Славчо Јовев – тапани, Бранислав Николов – вокал.

Концертот е во организација на МГ Мјузик Продукција.

Билетите се во продажба на мрежата на Karti.com.mk

Scroll to Top