Смртта на македонската актерка Адеа Шабани ги погоди нејзините блиски пријатели кои денес се збогуваат со неа преку социјалните мрежи.
Прва која испрати порака е Ема Џо, сопругата на Франц од „Нокаут“.

„Почивај во мир наш мил ангелу. Знам дека пак ќе се видиме“, напишала Ема, сопругата на Франс.

Од македонските јавни личности, поп-пејачката Аделина Тахири исто така се збогува од Адеа објавувајќи нејзина фотографија на „Инстаграм“. „Засекогаш во нашите срца“, напиша таа.

Младата актерка се водеше за исчезната повеќе од еден месец, а нејзиното мртво тело беше пронајдено во плитка гробница вчера во Јужна Калифорнија.






