Аделина Тахири и сопругата на Франц ја испратија Адеа Шабани

Смртта на македонската актерка Адеа Шабани ги погоди нејзините блиски пријатели кои денес се збогуваат со неа преку социјалните мрежи.

Прва која испрати порака е Ема Џо, сопругата на Франц од „Нокаут“.

„Почивај во мир наш мил ангелу. Знам дека пак ќе се видиме“, напишала Ема, сопругата на Франс.

Од македонските јавни личности, поп-пејачката Аделина Тахири исто така се збогува од Адеа објавувајќи нејзина фотографија на „Инстаграм“. „Засекогаш во нашите срца“, напиша таа.

Младата актерка се водеше за исчезната повеќе од еден месец, а нејзиното мртво тело беше пронајдено во плитка гробница вчера во Јужна Калифорнија.

Scroll to Top