Ако не ја отпишеш Мина, нашите деца ќе го напуштат училиштето: Весна Бејби откри дека ќерка ѝ го поминала истото што и Ембла

Откако пред два дена беше објавена приказната за Ембла, девојчето со Даунов синдром, кое сама го попчна второто полугодие затоа што родители ја бојкотирале наставата, рагираше јавноста давајќи поддршка и го осуди неправедниот третман кон неа. Подоцна беше објвано дека Ебла, е повторно во училиштертот.

Покра многуте статуси, објави, рекации и поодрша и актерката Весна Бејби Петрушевска за првпат раскажа низ што минувала нејзината Мина која беше жртва на педофил а потоа ја запишаа во училиштето „Јаха Кемал“. Весна и Мина се соочиле со истото низ што минува Ембла, односно родителите на соучениците на Мина барале таа да биде отпишана од училиште.

„ Ова е Ембла жртва на полусветови, примитивни и неуки луѓе. Ние живееме во земја каде се нема емпатија и сочуство. Не постојат деца со посебни потреби, постојат луѓе без посебен капацитет на мозок или пак шуплива празнина во сопствената лобања. Ќе ви раскажам нешто што на Мина и се случуваше после немилиот настан. Ја запишав во Јаха Кемал си велам ќе и биде поарно, помалку деца, поголемо трпение. Ама не! Се собраа родители од нејзиниот клас и рекоа дека ако не се отпише Мина тие сите ќе  си го напуштеле школото. Ова ми го кажаа само после два месеца откако Мина почна со школо во Јаха Кемал. Началството ме замоли да не сум правела проблем. Бев бесна, лута, Џамбазов имаше идеја да им застанеме пред школо ќе се собереше народ ќе го затвореа. Да, после таков стрес детето е недоверливо и агресивно, башка што беше изложена на булинг, така да јас сум во прва борбена линија за Ембла и сите булирани деца патем кај мене во актерската школа имам неколку деца со посебни потреби и другите деца ги учам како да постапуваат со нив, како да совладаат текст заедно, како да споделуваат и многу љубов,многу љубов. Ембла кога сакаш да се видиме тука сум во оваа држава по милионити пат повторувам дека нема поддршка за родителите како и тие да се справат со сопствените деца.Тие се хероите исто. Кога зборувам за нив зборувам и за себе гајле им е на оние што во буквална смисла ги малтретираат децата – напиша актерката.

За посетување, Ембла од Гостивар е девојче со Даунов синдром. Таа учи во ОУ „Башкими“ – Гостивар, но нејзините соученици и нивните родители не сакале да биде во истиот клас со нивните деца. Родителите ја бојкотирале наставата, и одбиваа таа да учи со нивните деца под изговор дека девојчето е агресивно. Најлошо од се’ е што девојчето било принудувано само да следи настава во посебна просторија, одделена од сите ученици.

Откако случајот на Ембла се прошири во јавноста, стигна и до надлежните институции, па министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и министерот за образование и наука, Јетон Шаќири се сретнаа со родителите на Ембла, по што девојчето го вратија  во училиште меѓу соучениците.

 

Scroll to Top