Актерот Диме Илиев денес наполни 70 години. Роденденската честитка со фотографија ја сподели неговта ќерка Трајанка која напиша: “Секоја мисла, желба,честитка,ќе му биде пренесена. Диме Илиев 70“. По ова следеа еден куп желби и честитки од негови колеги и пријатели.
Диме Илиев е роден, е македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и режисер. Роден е на 19 септември 1952 во Кавадарци. Во 1975 година се вработи во Драмскиот театар, а зад себе има над 100 улоги, и тоа не само на репертоарот на Драмскиот театар, туку на сцените на другите театри во Македонија. Илиев настапувал и во телевизиски и радио драми во играни филмови, а имал и неколку режисерски ангажмани