Албумот „Македонисимо“ на Симон Трпчески ќе излезе под британска етикета

Албумот на пијано-виртуозот Симон Трпчески и пријателите, насловен „Македонисимо“, ќе излезе на 28 август под престижната британска етикета „Лин рекордс“. Aлбумот е фузија на фолк и класична музика, која ги дефинира неверојатните ритми и прогонувачки мелодии на мојата татковина Македонија“, вели Трпчевски во изјавта за медиумите.

Композитор е Панде Шахов, а во изведбата учествуваат и Александар Краповски на виолина, Бугаринот Александар Сомов на виолончело, Хидан Мамудов на кларинет, саксофон и кавал, а зад удиралките е Влатко Нушев. Светската премиера на проектот беше на фестивалот во Лудвигсбург, Германија, во мај 2017 година.

Трпчески во моментов е во Софија и заедно со Краповски и Сомов го започнува снимањето на материјалот со дела од Шостакович, а во тек се и завршните подготовки за снимање оркестарско цеде .

Scroll to Top