Амбасадорот на Индонезија му поклони точак од бамбус на Пендаровски

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, доби еколошки точак од бамбус од амбасадорот на Индонезија, Иван Богананта.

„Ми беше задоволство лично да се сретнам со амбасадорот на Индонезија, Иван Богананта, кој поради пандемијата, акредитивите ги предаде по писмен пат. Етничката и културна разновидност, негувањето на толеранција и меѓурелигискиот дијалог, се вредности кои ги споделуваат двете земји и кои претставуваат основа за продлабочување на нашите меѓусебни контакти“, напиша Пендаровски на Фејсбук.

 

Scroll to Top