Анабела и Зоран Илев со најмногу гласови вечера на „Макфест“

Вчера се одржа првата фестивалска вечер на „Макфест 2017“. За разлика од лани, изведувачите пееја на матрици, а изостана оркестарот во живо. На сцената од првата полуфинална вечер беа отпеани 14 композиции од домашни познати пејачи, дебитанти, но и гости од странство.

По гласањето, најмногу гласови имаше песната „Од утро до вечер“ на штипскиот пејач и претходен победник на фестивалот, Зоран Илиев, кој пееше заедно со српската пејачка Анабела Атијас. На второто место според гласовите беше Огнен Здравковски, трет Александар Тарабунов со песната „Ако заминеш“.

Денес е втората фестивалска вечер, а в сабота е финалето, кога и ќе се избере победникот на фестивалот.

Scroll to Top